ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА
- ОПШТИ ОДРЕДБИ
Општи услови и правила за користење на места за полнење на електрични возила (во понатамошниот текст: Општи услови) го регулираат односот помеѓу стопанското друштво Charge&GO d.o.o. Beograd и корисникот на места за полнење на електрични автомобили. Овие Општи услови се применуваат на сите корисници на места за полнење, регистрирани и нерегистрирани, на кои Charge&GO им овозможува услуга на одредено временско користење на местата за полнење на електрични возила.
- ДЕФИНИЦИИ
Во смисла на овие Општи услови, користените термини имаат следно значење:
- Давател на услуга го означува Charge&GO кој на своите корисници им обезбедува услуга на користење на места за полнење на електрично возило кој самостојно или заедно со сопственикот на станицата за полнење и/или места за полнење, одредува цена на услугата на полнење кои се видно истакнати на Charge&GO платформата за користење на места за полнење на електрични возила;
- Charge&GO платформа и мобилна апликација претставува дигитална платформа и мобилна апликација наменета за полнење на електрични возила.
- Услуга означува временско користење на место за полнење на батеријата на електричното возило кое Charge&GO му го става на располагање на Корисникот преку Charge&GO платформа и мобилна апликација;
- Корисник означува физичко лице со навршени најмалку 18 години на живот и/или правно лице, претприемач, било кој деловен ентитет, кои се сопственици и/или корисници на електрични возила а на кои Charge&GO им овозможува услуга на временско користење на место за полнење на електрично возило. Корисниците можат да бидат регистрирани или нерегистрирани корисници;
- Регистриран корисник означува лице кое извршило регистрација и отворило свој кориснички налог на Charge&GO платформа и/или мобилната апликација во согласност со овие Општи услови;
- Нерегистриран корисник e физичко лице кое пристапува на Charge&GO платформата и/илиапликацијата без извршена регистрација и отварање на корисничкин налог;
- Postpaid корисник означува правни лица со кои Charge&GO има заклучен Договор за користење на Charge&GO регионална платформа и мобилна апликација со договорено postpaid плаќање. Postpaid корисникот има својство на регистриран корисник.
- Електрично возило означува електрично возило во согласност со дефиницијата за електрично возило дадена во предлогот на директивата на Европскиот парламент и Советот за воспоставување на инфраструктура за алтернативни горива, како и соодветно со домашните закони и прописи (или во финална верзија на директива);
- Место за полнење означува паркинг место со стациониран полнач кое овозможува дирекно полнење на електрично возило со електрична енергија;
- Станица за полнење означува ентитет на едно или повеќе места за полнење на електрично возило;
- RFID картичка означува картичка доставена на Корисникот која овозможува негова идентификација на станицата за полнење и/или местото за полнење;
- Општи услови на користење на Charge&GO платформата и мобилната апликација претставуваат услови и правила за користење на Charge&GO платформата и мобилната апликација кои ги обврзуваат сите корисници, кои се достапни на веб сајт на Charge&GO преку линк https://chargego.rs/opsti-uslovi-za-koriscenje-mesta-za-punjenje-elektricnih-vozila/
- Политика на приватност претставува политика на приватност на Charge&GO во согласност со која Charge&GO врши обработка на личните податоци, a се во согласност со Законот за заштита на личните кои се достапни на веб сајт или на линк https://chargego.rs/politika-privatnosti-opsti-uslovi/
- КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТА ЗА ПОЛНЕЊЕ
Корисникот може во својство на регистриран и нерегистриран Корисници да корист и места/станици за полнење по пат на Charge&GO платформа и/или мобилна апликација. На сите корисници, регистрирани и нерегистрирани,при користењето на местата/станиците за полнење на електрични автомобили се применуваат Општите услови за користење на Charge&GO платформа и /или мобилна апликација.
Користењето на Услугата и надоместокот за користење на Услугите се разликуваат во зависност од тоа дали Корисникот им пристапува наа местата за полнењево својство на регистриран или нерегистриран корисник.
Регистрирани корисници со постапката на регистрација засноваат претплатнички однос до Давателот на услуга и добиваат свој кориснички налог. Регистрираните корисници местата/станиците за полнење можат да ги користат преку RFID картичката издадена од страна на Charge&GO на барање од Корисникот, или дирекно преку Charge&GO платформата и/или мобилната апликација;
Нерегистрираните корисници местата/станиците за полнење можат да ги користат така што со скенирање на QR кодот на полначот стациониран на местото за полнење му пристапуваат на саканиот полнач, или со внесување на ID бројот на саканиот полнач на саканата страница на web portalu client.chargego.rs. Нерегистрираниот корисник пред користење на Услугата ја внесува својата email адреса заради доставување на фискална сметка, a потоа од таму порталот го упатува на страницата на оператерот за плаќање каде остава податоци за платнежната картичка. После извршеното полнење, платежната картичка се задолжува за износ од полнењето, а на email кој Корисникот го внесол се доставува фискалната сметка. Со користењето на местата за полнење видливи на Charge&GO платформата и апликацијата Корисниците ги прифаќаат Општите услови,Општите услови на користење на Charge&GO платформата и апликацијата и политиката на приватност.
Корисникот од моментот на аутентификација, односно со скенирање на QR кодот на полначот или внесување на ID бројот на полначот на web порталот client.chargego.rs., односно идентификација на Регистрираните корисници во согласност со точка 4. На овие Општи услови, има период во траење од 1 минут да ја започне сесијата на полнење. Овој 1 минут не влегува во пресметка на надоместокот за користење на услугата, и без надоместок е. Во случај Корисникот во рок од 1 минут не ја започне сесијата на полнење, мора повторно да се изврши аутентификација (скенирање на QR код, внесување на ID бројот на полначот, односно да се изврши идентификација на регистрираниот Корисник).
4. ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА КОРИСНИКОТ
Регистрираниот корисник пред започнување на користењето на Услугата врши процес на идентификација. Идентификацијата на регистрираниот корисник се врши со цел на обезбедување на примена на условите предвидени исклучиво за регистрирани Корисници .
Идентификацијата на регистрирани корисници може да се врши преку RFID или преку други технички уреди или сретства (како што е интернет платформа, мобилна апликција) која ја обезбедува Давателот на услугата. Конкретен начин на идентификација Корисникот на услугата бира при регистрацијата и може дополнително да менува во согласност со Општите услови за користење на Charge&GO платформата и мобилната апликација.
- НАДОМЕСТОК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА
За користење на Услугата, на Корисникот му се наплатува надоместок спрема актуелниот ценовник истакнат на платформата и мобилната IOS и Android апликација или спрема цените кои му се на друг начин достапни на Корисникот.
Надоместоците за Услугата кои важат во секој момент подетално се дефинирани на платформата за секое одбрано место за полнење поединечно, како и на мобилната IOS и Android апликација. Надоместоците за Услугите сe можат да се разликуваат на различни места за полнење. Саканото место за полнење може да се пронајде на www.client.chargego.rs/map Надоместоците за користење на местата за полнење можат да се разликуваат во зависност од тоа дали е во прашање регистриран Корисник или нерегистриран Корисник кој користи опција еднократно плаќање. Надоместоците за користење на местата за полнење секогаш се прикажани пред почетокот на самата сесија за полнење.
Нерегистрираниот Корисник за давање на Услугата плаќа последователно во согласност со актуелниот ценовник истакнат на платфоемата за секое одбрано место за полнење поединечно, како и на обилната IOS и Android апликација.
На регистрираниот Корисник обезбедената услуга се наплатува на основа на претплата , a се во согласност со Општите услови за користење на Charge&GO платформата и мобилната апликација.
Покрај надоместокот за користење на услугата, Корисникот може да биде наплатена и дополнителен надоместок во случај електричното возило да останало приклучено на полнач и после завршетокот на сесијата за полнење (т.н. IDLE FEE). IDLE FEE во траење на првите 15 (петнаесет) минути, после завршената сесија на полнење ќе биде без надоместок, додека после истекот на 15 минути, се наплатува надоместок во износ од 5,00 РСД за секој започнат минут, се до минутот во кој Корисникот ќе го исклучи своето возило од полнач, односно го извлече кабелот на полначот од своето електрично возило. Наплата на IDLE FEE ќе се врши од корисничката платежна картичка, a Корисникот со прифаќањето на овие Општи условисе согласува со наплатата на IDLE FEE во случај на оставање на возилото приклучено на полнач и после завршената сесија на полнење.
- ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДАВАЊЕТО НА УСЛУГАТА
Корисникот е обавезен своето електрично возило да го држи во исправна состојба што овозможува давање на услуга на адекватен начин, и со тоа се спречува можноста за настанување на на евентуална штета, било на местото за полнење, било на самото електрично возило, поради неисправна опрема и инсталација на возилото.
Корисникот се обврзува дека ќе се воздржи од притисокот на хавариски тастер (т.н. печурка) па дека давањето на Услугата нема да се прекинува со притисок на хаварискиот тастер или стоп тастер бидејќи истиот е наменет исклучиво за итен прекид на полнењето во случај на непосредна опасност и/или хааварија. Прекидот на полнењето Корисникот е обавезен да го врши на ист начин на кој е започнато полнењето, преку апликацијата, платформата или со допирање на RFID картичката.
При користењето на местата за полнење, Корисникот е обавезен внимателно да се придржува на упатствата за употреба на станицата за полнење и/или места за полнење. Упатствата се видно истакнати на секое поединечно место за полнење.
Корисникот во целост го ослободува Давателот на услуга од било каква одговорност, и се обврзува дека на Давателот на услуга и на сите трети лица во целост ќе им ја надомести целата штета која ќе настане заради непочитување на одредбите на овие Општи услови. Корисникот се обврзува на Давателот на услуга да му ги надомести сите евентуални трошоци кој ги имал во врска со предизвиканата штета.
Корисникот во целост го ослободува Давателот на услуга од било каква одговорност, и се обврзува Давателот на услуга и на сите трети лица во целост ќе им ја надомести целата штета која ќе настане заради оштетувања и/или дефект на местото за полнење до кое дошло ради непочитување на дадените упатства, со невнимание или небрежност на корисникот.
Со цел за спречување на оштетувањата, како и во случај на постоење на опасности од оштетувања или во случај на веќе настанато оштетување, Корисниците и Давателот на услуга се должни да ги превземат сите мерки за да спречат или ограничат оштетувања кои можат разумно да се бараат од нив.
Корисникот се обврзува дека доколку примети било каква неправилност или проблем при користењето на местата за полнење без одложување да го извести Давателот на услуга и да постапи во се спрема упатствата кои се видно истакнати на станицата за полнење и/или местата за полнење.
Корисникот со прифаќањето на Општите услови потврдува дека е известен дека ЈП „Електростопанство на Србија”, Оператер на дистрибутивниот систем „ЕПС ДИСТРИБУЦИЈА “ д.o.o. Београд и АД Електромрежа на Србија, е одговорен за стабилност на електроенергетскиот систем и дека е должен да испорача одреден квалитет на електрична енергија, како и да врши балансирање на електроенергетскиот систем, па го ослободува Давателот на услуга од било каква одговорност во врска со тоа. Во случај на пад на мрежата, компанијата која е одговорна за електроенергетскиот систем (ЕПС) мора без одложување или да го зголеми производството на електрична енергија од други извори или да ја намали потрошувачката. Компанијата е одговорна за електроенергетскиот систем (ЕПС) на местата за полнење може автоматски да издаде наредба за намалување на снагата на полнење во случај на пад на мрежата. Престанокот на полнење обично е краткотраен, a може да се манифестира низ промена на брзината на полнење или престанок на полнењето на електричното возило, односно преку враќање на енергијата од батеријата на електричното возило во мрежата во случај на V2G системот.
Давателот на услуга се ослободува од одговорноста за било каков потенцијален пад на мрежата, пад на напонот, пад на интернетот, вклучувајќи и грешки при услугата на полнење на електричното возило предизвикана со непочитување на упатствата за користење од страна на Корисникот, вклучувајќи иодредбите на овие Општи услови, неисправност на RFID картички за полнење ради физичко оштетување или други технички сретства на идентификација или други оштетувања предизвикани од работи кои се однесуваат на користење или функционалност на услугата за полнење.
- ДОСТАПНОСТ НА МЕСТАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ
Достапни места за полнење Корисникот може да види во реалното време на Charge&GO платформата и мобилната апликација во согласност со легендата на бои со који се означени местата (зелена боја: слободно место за полнење; црвена боја: местото за полнење е зафатено; зелено-црвена боја: на станицата за полнење со повеќе располоќиви места за полнење едно место за полнење е зафатено, a другото достапно; сива боја: местото за полнење е недостапно).
Давателот на услуга и/или сопственикот на станицата /местото за полнење можат привремено или трајно да ја прекинат достапноста на одредена станица /место за полнење на електрични автомобили поради одржување,изведување на работи или било какви околности кои влијаат на достапноста на таа станица /место за полнење на Корисникот и во тој случај предметната станица ќе биде адекватно означена на платформата и/или апликацијата.
Корисникот се обврзува после извршената Услуга да го напушти местото за полнење на електрични автомобили за да обезбеди достапност на самото место на следниот корисник.
- ПРЕКИН НА ДАВАЊЕ НА УСЛУГА
Давателот на услуга е овластен привремено да ја прекине достапноста на услугата на поединечни места за полнење во текот на траењето на неопходните работи на одржување и унапредување на услугите. Покрај тоа, услугата може да се прекине за да се обезбеди управување со електро дистрибутивната мрежа, поради потреба на балансирање на електроенергетскиот систем, подигање на квалитетот на снабдување со електрична енергија и како и поради други слични случаи. Недостапните места за полнење ќе бидат во реално време прикажани на платформата и мобилната апликација на начин како што је објаснето во Општите услови.
Давателот на услуга има право да одбие да даде услуга и без одложување да го прекине давањето на услугата на Корисникот, доколку тоа го бараат официјалните прописи или судски налози и/или доколку постои сомневање дека постои злоупотреба на корисничкиот налог по приемот на известувањето од страна на Корисникот за потенцијалната злоупотреба, доколку Услугата се користи спротивно на условите и правилата од овие Општи услови и заклучениот Договор помеѓу давателот на услуга и Корисникот или ако Корисникот на друг начин постапува незаконски и неадекватно во однос на целта на заклучување на Договорот и овие Услови. Давателот на услуга има право привремено да го ограничи или прекине давањето на Услуга во случај Корисникот да не ги измирил своите обврски спрема давателот на услуга.
Во случај до прекид на Услугата да дошло поради околноссти кои ги предизвикал Корисникот, како што е на пример непочитување на истакнатите упатства за користење на Услугите, Корисникот нема да биде ослободен од плаќање на Услугата до моментот на прекид или други обврски кои може да ги има Давателот на услугата.
- ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Давателот на услуга може во било кој момент да ги измени одредбите на овие Општи услови, цените на услугите и нивниата содржина.
Давателот на услуга се обврзува да ги исвести Корисниците за сите настанати промени , така што известувањето ќе го објави на самата платформа или апликација.
Во случај Корисникот да продолжи да ги користи услугите после истакнување на известувањето за настанатите измени, се смета дека е согласен со истите.
Во случај да за било која одредба на овие Општи услови се установи дека е несоодветна и неважечка, тоа нема да влијае на важењето и примената на останатите одредби.
Односите помеѓу Корисникот и Давателот на услуга се регулирани со позитивните прописи на Република Србија. За сите меѓусебни спорови кои не е можно да се решат со договор надлежен е судот во Београд.
Овие Општи услови претставуваат составен дел на сите Договори кои Давателот на услуга ги заклучил со Корисниците а кои се однесуваат на користењето на местата за полнење како и користење на регионалната платформа Charge&GO и мобилната апликација, a Корисникот со своето прифаќање потврдува дека ги прочитал и во целост ги разбрал,па дека како такви во целост ги прифаќа.
Овие Општи услови стапуваат на снага на ден 26.06.2024 година.
Naučno-tehnološki park
Veljka Dugoševića 54
11000 Belgrade, Serbia