ПОЛИТИКА НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА CHARGE&GO d.o.o. BEOGRAD

ОПШТИ УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ НА CHARGE&GO ПЛАТФОРМАТА И МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА

Charge&GO Beograd e ракувач со личните податоци на физичките лица па ги обработува во согласност со важечките прописи, првенствено во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Сл. Гласник на РС“,бр. 87/2018). Цел на оваа политика е на јасен, разбирлив и лесно достапен начин да објасни кои лични податоци и за која цел Charge&GO ги собира, како ги заштитува податоците па како лицата чии лични податоци се обработуваат можат да ги остварат своите права кои со Законот за заштита на лични податоци им се  загарантирани.

Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, користените изрази го имаат следното значење: 

Обработка на лични податоци претставува секое дејство кое се врши со личните податоци и/или нивниот збир, автоматизирано  или неавтоматизирано, како што е собирање, употреба, забележување, класификација, групирање ( структурирање ), складирање, прилагодување, менување, откривање, пренесување, доставување, давање на увид, копирање односно размножување, споредување, ограничување, бришење или уништување, koe Charge&GO  го врши дерекно или преку своите партнери и поврзани лица. 

Личен податок претставува секој податок кој се однесува на физичкото лице чиј идентитет е одреден или одредлив, непосредно или посредно, особено врз основа на ознаката за идентитет, како што е и име или идентификациски број, податоци за локацијата, идентификаторот во електронските комуникациски мрежи или едно, односно повеќе обележја на неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен и општествен идентитет; 

Лице на кое се однесуваат подаатоците претстаавува секое физичко лице чии лични податоци се обработуваат од страна на Charge&GO .

Посебна врста на лични податоци претставуваат личните податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политичко мислење, верско или филозовско верување или членство во синдикат, како и обработка на генетски податоци, биометриски податоци со цел на единствена идентификација на лицата, податоци за здравствената состојба или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице.

Примена на политиката за заштита на личните податоци

Политиката за заштита на личните податоци сe применува на сите лични податоци за лицето  за кои се однесуваат податоците а кои Charge&GO  ги обработува и/или на кои им определува цел и начин на обработка. Политиката за заштита на личните податоци сe применува на сите на сите услуги и производи на Charge&GO чие користење или заинтересираност за користење вклучува обработка на личните податоци. Доколку основа за обработка претставува согласноста, дадената согласност за обработка на личните податоци се применува и на сите услуги и производи  на Charge&GO  koи лицето  кое дало согласност ги користи. 

Политиката за заштита на личните податоци првенствено е наменета и се однесува на физички лица кои се заинтересирани за користење и кои користат услуги за полнење на електрични возила со користење на интернет платформа или апликација на Charge&GO и/или  физички лица кои се заинтересирани за пребарување на вебсајтот на Charge&GO или користење на други функции на вебсајтот.

Политиката за заштита на личните податоци не се применува на анонимизираните податоци ( податоци врз основа на кои идентитетот на лицата не е непосредно или посредно одредлив) со оглед на тоа дека анонимизираниот податок претставува податок кој е изменет така да не може да се поврзе со одредени физички лица па, во согласност со важечките прописи, не се смета за личен податок. Charge&GO ги обработува личните податоци за различни цели, a сретствата за собирање, правната основа за обработка, употребата, откривањето и роковите на чување можат да се разликуваат во зависност од целта.

Начела за обработка на личните податоци

Заради вршење на обработката на личните податоци на законски начин, Charge&GO ќе се придржува на следните законски начела: 

Личните податоци сe обработуваат законски, искрено и транспарентно во однос на кои податоци се однесуваат, додека под законска обработка се смета обработката на податоците во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци; 

Личните податоци сe собираат за цели кои се конкретно одредени, нагласени, оправдани и законски и понатаму не можат да се обработуваат на начин кој не е во согласност со тие цели („ограничување во однос на целта за обработка“);

Личните податоци кои сe обработуваат мора да бидат примерени, битни и ограничени на она што е неопходно во однос на целта на обработката („минимизација на податоци “);

Личните податоци кои сe обработуваат мора да бидат точни и по потреба ажурирани, со обврска за превземање на разумни мерки со кои се обезбедува неточните лични податоци без одложување да се избришат или да се поправат („точност“);

Личните податоци се чуваат во облик кој овозможува идентификација на лицата само во рок кој е неопходен за оставрување на целта на обработката („ограничување на чување“);

Личните податоци сe обработуваат на начин кој обезбедува адекватна заштита на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластени или незаконски обработки и од случајно губење, уништување или оштетување со примена на адекватни технички, организациски и кадровски мерки („интегритет и доверливост“).

Заради потполно почитување на законските начела на обработка на личните податоци, Charge&GO ќе:

На јасен, едноставен и прегледен начин ќе ги информира лицата на кои се однесуваат податоците односно за целта на обработката и правната основа за обработка на личните податоци за целите кои се конкретно одредени, нагласени, оправдани и законски;

Ќе ги обработува податоците кои се неопходни заради давање на услуги на лицата на кои се однесуваат податоците, ќе врши обработка за кои е пропишана како законска обврска на ракувачот, ќе врши обработка на податоци кои се потребни заради остварување на легитимен интерес на Charge&GO ( во случаите кога тој интерес е претежен во однос на интересот на лицата на кои се однесуваат податоците ) како и обработка на податоци кои се вршат врз основа на дадена согласност на лицата на кои се однесуваат податоците.

Charge&GO во прибавувањето на личните податоци се придржува на начелото на минимален обем на податоци од кои причини се собираат само оние лични податоци  кои се неопходни за исполнување на целта за која се обработуваат, додека евентуално неопходни дополнителни лични податоци се прибавуваат со согласност на лицата на кои се однесуваат податоците. Charge&GO осигурува точност на личните податоци со примена на технички и организациски мерки и со периодично ажурирање на податоците.

Роковите за чување на податоци се одредени со интерните акти на Charge&GO како би се обезбедило чување на податоци во период кој е неопходен за остварување на целта на обработката и кој е во согласност со законските прописи. Charge&GO го почитува начелото на интегритет и доверливост на личните податоци и поседува имплементирани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци засновани на важечките прописи, добрата деловна пракса и меѓународните признати стандарди од оваа област. Charge&GO за обработка на личните податоци може да ангажира обработувачи и тоа врз основа на посебен договор со пропишани одредби на Законот за заштита на личните податоци, a со кој посебно се дефинираат должностите на обработувачот во поглед на заштита на личните податоци. 

Начин на собирање на податоци

Charge&GO личните податоци ги собира доколку за тоа постои правна основа пропишана со Законот за заштита на лични податоци, додека податоците се собираат непосредно со пополнување  (внесување) на податоци во прашалник од страна на лицата на кои се однесуваат податоците при регистрацијата и/или  пријавата на веб платформата на Charge&GO или Charge&GO апликацијата од кои причини не постои физичка архива на лични податоци.

Charge&GO апликацијата во текот на употребата го попречува мобилниот уред да премине во состојба на мирување и им пристапува на дополнителните податоци  неопходни за пружување на услуга на полнење на електричните возила со користење на апликации како што се податоци за моментална локација на корисникот  (приближна локација која се утврдува по пат на мобилна мрежа и прецизна локација која се утврдува по пат на мобилна или GPS мрежа), камери. Пристап и користење на сите наведени податоци во текот на употребата на Charge&GO апликацијата одобрува корисникот на мобилниот уред на кој е инсталирана апликацијата. Освен податоците за местото, времето на почеток и завршување на сесијата на полнење на електричните возила, било кои други податоци од значење за пружување на услугата на користење на апликацијата не се чуваат после употребата. 

Charge&GO користи услуги на Google Maps. Ова ни овозможува дирекно да прикажеме интерактивни мапи на нашата апликација и обезбедува доверливо користење на мапата. При користење на Google Maps се применуваат Googl услови за користење на услугите и Дополнителни услови за користење на услугата на Google мапата/Google Earth со кои може да се пристапи на веб сајт по пат на линк https://www.google.com/intl/sr_US/help/terms_maps/

Врста на податоци кои се собираат

Charge&GO собира и обработува податоци кои лицата на кои се однесуваат податоците ги доставиле со пополнување на обрасци и други форми на веб страната и /или апликацијата на Charge&GO. Се собираат и обработуваат следните категории на лични податоци, во однос на разни цели на обработка и тоа име и презиме, имејл адреса, град /место на живеење ( заради испраќање на евентуално порачани RFID картички), број на мобилен телефон, податоци од платежни  картички или други податоци кои ќе бидат внесени заради подобро корисничко искуство и лична идентификација, како и други лични податоци за кои постои правна основа за нивна обработка во согласност со законот. 

Цел за која се употребуваат личните податоци

Charge&GO собира и обработува податоци со цел за идентификација на корисникот на услуги, контатирања и одржавање на односи со корисниците, за фактурирање и наплата на долг, за воведување и развој на услугата за полнење и други услуги кои ги дава Charge &GO, за пратење на користењето на услугата за полнење, за директен маркетинг, истражување на јавното мислење и истражување на пазарот како и за други оправдани цели.

Charge&GO личните податоци за лицата за кои се однесуваат податоците ги обработува  исклучително тогаш кога таквата обработка е законска. Обработката е законска во следните случаи:

Обработката е неопходна за извршување на услугите на лицето на кое се однесуваат податоците или како би се првзеле дејства на барање на лицата на кои податоците се однесуваат;

Обработката е неопходна заради почитување на законските обврски на Charge&GO a што подразбира и обврска за собраните податоци бидат, доколку се за тоа исполнети законските услови, доставени до надлежните државни органи врз основа на нивно писмено барање (Судови, Обвинителства, Комунална полиција, инспекциски служби и слично) односно на надлежните органи да им биде овозможен пристап на одредени податоци;

Обработката е неопходна со цел за остварување на легитимните интереси на Charge&GO или на трета страна, освен кога се од тие интереси појаки интересите или основните права и слободи на лицата  на кои се однесуваат податоците кои бараат заштита  на личните податоци, a посебно ако е лицето на кое се однесуваат податоците малолетно. Под легитимен интерес на Charge&GO се подразбира особено обработката која служи за да се унапреди процесот, развојот на производи и унапредувањето на работењето, да се модернизираат услугите, да понудат производи и услуги за кои се очекува дека ќе го унапредат работењето со Клиентите.

Лицето на кое се однесуваат податоците дало согласност за обработка на своите лични податоци за една или повеќе посебно одредени цели, при што таа согласност мора да биде докажана и доброволна, напишана на разбирлив јазик a, додека лицето на кое се однесуваат податоците има можност и законско право во секој момент својата согласност да ја повлече.

Обработката е неопходна со цел на животно важни интереси на лицето на кое се однесуваат податоците или на друго физичко лице;

Обработката е неопходна со цел на вршење на работи од јавен интерес или извршување  на со законот пропишани овластувања на Charge&GO.

Автоматска обработка на податоци

Charge&GO не врши автоматска обработка на податоци. 

Пристап на лични податоци и кому можат да бидат проследени

Пристап на лични податоци имаат само одредени запослени лица на Charge&GO. Пристап на податоците можат да имаат и ангажирани соработници во согласност со работите кои им ги доверил Charge&GO и тоа само во мерка во која тоа е минимално неопходно, со обврска за потполно почитување на нормативните акти на Charge&GO од областа на заштита на личните податоци. Личните податоци им се достапни на трети лица надвор од Charge&GO само во следните случаи:

доколку постои законска обврска или  нагласено овластување врз основа на законот (барања на државни органи);

доколку за вршење на поединечни работи ангажирано трето лице кое има својство на обработувач кој мора да пристапува во се во согласност по налог на Charge&GO . Во тој случај, Charge&GO ги осигурува сите пропишани мерки на заштита на податоци исто како да ги врши овие работи самостојно;

на поврзани друштва на Charge&GO под услов на постоење на адекватна правна основа ( согласност на лицето или легитимен интересна Charge&GO );

ако е потребно податоците да се проследат заради извршување на услуга;

на останати лица надвор од Charge&GO за кои постои нагласена согласност на лицето на кое се однесуваат податоците.

Charge&GO личните податоци по правило ги обработува  во Република Србија. Исклучително, личните податоци можат да се обработуваат и во други држави или меѓународни организации во согласност со Законот за заштита на лични податоци. 

Начин на заштита на личните податоци

Со личните податоци се постапува како со деловна тајна и тие се класифицирани како доверливи податоци. На личните податоци се применуваат адекватни мерки за заштита со кои податоците се штитат од повреди, неовластен пристап, случајно губење, уништување, оштетување и било какво друго загрозување на безбедноста. Charge&GO превзема адекватни мерки заради овозможување и пратење на пристапот и активностите во информатичкиот систем, примена на софтверски решенија за заштита на информациските ресурси и превзема потребни мерки заради исполнување на обврските за потполно законско постапување на сите трети лица кои евентуално ќе стекнат законско право на пристап на личните податоци

Во таа смисла, а пошто личните податоци прибавени во текот на користењето на веб сајтот и апликацијата Charge&Go не се чуваат во физички облик, веб сајтот и апликацијата Charge&GO редовно се проверува заради откривање на можни безбедносни ризици и вообичаени опасности, редовно се проверува и ажурира системот заради детектирање на на злонамерен софтвер – (malvera). Личните податоци се наооѓаат зад заштитените мрежи и може да им пристапи само ограничен број на лица кои имаат посебни права на пристап на такви системи и од кои се бара  да се чува доверливоста на податоците. Сите чувствителни податоци (како број на кредитна картичка) се шифрираат со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија.

Во случај на повреда на личните податоци која за последица има или може да има случајно или намерно уништување, губење, измена или неовластено откривање на личните податоци при нивната обработка, a која може да произведе висок ризик за правата и слободите на физичките лица на кои се однесуваат податоците, Charge&GO веднаш по добивањето на сознанието за таквата повреда, без непотребно одлагање, ќе го извести Повереникоти лицето на кое се однесуваат податоците на јасен и разбирлив начин со задолжително наведување на контакт податоци на овластеното лице за заштита на личните податоци, опис на можните последици како и опис на превземените мерки.

Charge&GO  во случај на повреда на личните податоци веднаш ќе превземе адекватни мерки како би се спречила понатамошната штета за правата и слободите на лицата на кои се однесуваат податоците и како би се намалиле последиците настанати поради таа повреда.

Права на лицата на кои се однесуваат податоците

Корисниците на услуги, потенцијалните корисници на услуги и други лица на кои се однесуваат личните податоци, можат да ги остварат следните права:

Право на пристап на личните податоци претставува право на подносителот на барањето на добивање на информации за постоењето на обработка на личните податоци кои се однесуваат на него,  на целта на обработката,  врстата на личните податоци кои се обработуваат, примателите или категориите на приматели на кои личните податоци им се откриваат или можат да бидат откриени, за роковите на чување, за постоењето на права да се бара исправка или бришење на личните податоци, односно права на ограничување на обработката на тие податоци, за постоење на правото да се поднесе жалба на Повереникот ;

Право на исправка на личните податоци право лицето на кое се однесуваат податоците да бара исправка на неточните односно дополна на неточните лични податоци;

Право на ограничување на обработката на личните податоци  и тоа: – кога се оспорува точноста на личните податоци, обработката на личните податоци ќе биде привремено ограничена во периодот кој е доволен за проверка на точноста на личните податоци; –кога не постои правна основа за обработка на личните податоци, а лицето на кое се однесуваaт податоците е против бришење на податоците заради поднесување остварување или одбрана на правните барања; –кога податоците повеќе не му се потребни на Charge&GO  заради остварување на целта на обработкано лицето на кое се донесуваат податоците ги побарало заради поднесување, остварување  или одбрана на правното барање; – кога се вложува приговор на обработката, а во текот е проценување  дали правна основа за обработка од страна на Charge&GO  преовладува над интересите на тоа лице;

Правото на приговор се однесува на правото на лицето на кое се однесуваат податоците во секој момент да поднесе на Charge&GO на законитост на обработката на личните податоци кои се установени врз основа на соодветните основи за обработка.

Правото на бришењe („право на заборав“) кое може да се оствари во следните случаи: – личните податоци повеќе не се потребни за остварување на целта за која се собрани или на друг начин ообработувани; –  лицето на кое се однесуваат податоците ја отповика согласноста врз основа на која се вршела обработката, a нема друга правна основа за обработка; – лицето на кое се однесуваат податоците вложило приговор на обработката во согласност со Законот, а нема друга правна основа за обработка која преовладува над легитимниот интерес, правото или слободата на лицето на кое се однесуваат податоците; – личните податоци се обработувани незаконски;   личните податоци мора да бидат избришани со цел за извршување на законските обврски на ракувачот; –  личните податоци се собрани во врска со користење на услугата на информациското друштво.

Право на преносливост на податоците претставува право на лицето кое своите лични податоци претходно ги доставило, примило од Charge&GO, во структуриран, вообичаено користен и електронски читлив облик како и право овие податоци да ги пренесе на друг ракувач без попречување на Charge&GO, со услов обработката да е заснована на согласност и да се врши автоматизирано.

Начини на остварување на правата

Лицето на кое се однесуваат податоците може лично или преку полномошник сите права во врска со личните податоци кои Charge&GO  ги обработува, да го оствари во просториите на Charge&GO  кои се наоѓаат во Београд ( Раковица ), во улица Ослобоѓења бр. 22, како и со испрачање на приговор во електронска форма на email адреса: podrska@chargego.rs 

Сите дополнителни прашања кои се однесуваат на обработката на личните податоци, како и прашањата во врска со остварување на правата можат да се упатат на лицето за заштита на личните податоци на адреса: podrska@chargego.rs

Барањето кое се поднесува треба да биде читливо и уредно пополнето и потпишано, додека со барањето кое се доставува преку полномошник се доставува и полномошно заверено кај  нотар со кое полномошникот се овластува да пред Charge&GO превзема дејства во врска со остварување на правата пропишани со Законот за заштита на личните податоци.

Потпишаното барање за остварување на на правата на лицето на кое се однесуваат податоците се доставува во просториите на Charge&GO  кои на барањето ќе одговорат без одложување, a најкасно во рок од 30 дена од денот на прием на комплетното и испраавно барање, додека земајќија ги во предвид сложеноста  и бројот на барањето, ако е тоа неопхдно, овој рок може да биде продолжен за уште 60 дена. За продолжување на рокот и причините за тоа продолжување Charge&GO ќе го извести лицето на кое се однесуваат податоците во рок од 30 дена од приемот на барањето.

Поднесување на жалба на повереникот за информации од јавно значење и заштита на личните податоци

Надзорно тело за заштита на личните податоци во Република Србија е Повереникот за информации од јавно значење и заштита на личните податоци, Булевар краља Александра 15, Београд.

Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право да поднесе жалба на Повереникот ако смета дека обработката на податоците за неговата личност од страна Charge&GO е во спротивност со одредбите на Законот. Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право на судска заштита ако смета дека, спротивно на Законот, од страна на ракувачот или обработувачот со обработката на неговите лични податоци е повредено правото пропишано со законот. Поднесувањето на тужба до судот не влијае на правото на ова лице да покрене друга постапка управна или за судска заштита.

Податоци за ракувачот на личните податоци:

Charge&GO  d.o.o. Beograd ( Rakovica ) ul. Oslobođenja 22b 

Контакт телефон: +381 11 715 85 98

e.mail: podrska@chargego.rs

интернет страница: chargego.rs

Контакт податоци на лице за заштита на личните податоци

Ана Спасојевиќ

Адреса на електронска пошта: podrska@chargego.rs

Контакт телефон: + 381 66 803 1 717

  1.  ОПШТИ ОДРЕДБИ

Овие општи услови за користење на Charge&GO платформата и мобилната апликација (во понатамошниот текст: Општи услови) го регулираат односот помеѓу стопанското друштво Charge&GO d.o.o. Beograd, Oslobođenja 22b, Beograd, 6201 Računarsko programiranje, MB 21709271, PIB 112627756 , kontakt: +381 66 803 1 700; podrska@chargego.rs (во понатамошниот текст: Charge&GO) и корисникот Charge&GO платформа и мобилна апликација, односно корисникот на услуга на временско користење на местото за полнење на електрично возило која ја обезбедува Charge&GO.

  1.  ДЕФИНИЦИИ

Во смисла на овие Општи услови, користените термини имаат следно значење:

  • Давател на услуга го означува Charge&GO кој на своите корисници им обезбедува услуга на користење на места за полнење на електрично возило кој самостојно или заедно со сопственикот на станицата за полнење и/или места за полнење, одредува цена на услугата на полнење кои се видно истакнати на Charge&GO платформата за користење на места за полнење на електрични возила;
  • Charge&GO платформа и мобилна апликација претставува дигитална платформа и мобилна апликација за користење на услуга од одредено временско користење на место за полнење на електрични возила.
  • Услуга означува временско користење на место за полнење на батеријата на електричното возило кое Давателот на услуга му го става на располагање на Корисникот преку Charge&GO платформа и мобилна апликација;
  • Корисник означува физичко лице со навршени најмалку 18 години на живот и/или правно лице, претприемач, било кој деловен ентитет, кои се сопственици и/или корисници на електрични возила а на кои Давателот на услуга им овозможува услуга на временско користење на место за  полнење на електрично возило. Корисниците можат да бидат регистрирани или нерегистрирани корисници;
  • Регистриран корисник означува физичко лице кое извршило постапка на регистрација на платформа или апликација и кое по пат на својот кориснички налог користи Услуги под услови и на начин предвиден за регистрирани корисници;
  • Нерегистриран корисник e физичко лице кое без извршена регистрација и формиран кориснички налог користи Услуги под услови и на начин предвиден за нерегистрирани корисници;
  • Postpaid корисник означува лице (правно или физичко) со кое Давателот на услуга има заклучен Договор за користење на Charge&GO регионална платформа и мобилна апликација со договорено postpaid плаќање. Postpaid корисникот има својство на регистриран корисник.
  • Електрично возило означува електрично возило во согласност со дефиницијата за електрично возило дадена во предлогот на директивата на Европскиот парламент и Советот за воспоставување на инфраструктура за алтернативни горива, како и соодветно со домашните закони и прописи (или во финална верзија на директива);
  • Место за полнење означува паркинг место на кое е инсталиран полнач за полнење на батерии за електрични автомобили, a кои овозможуваат дирекно полнење на електрично возило со електрична енергија.
  • Станица за полнење означува ентитет на едно или повеќе места за полнење на електрично возило;
  • RFID картичка означува картичка доставена на Корисникот која овозможува негова идентификација на станицата за полнење и/или местото за полнење;
  • Општи услови и правила на користење на местото за полнење на електрични автомобили апликациите претставуваат услови и правила за користење на Услугите кои се достаапни на веб сајтот на Давателот на услуги или по пат на линк https://chargego.rs/opsti-uslovi-za-koriscenje-mesta-za-punjenje-elektricnih-vozila/
  • Политика на приватност  претставува политика на приватност  на Charge&Go во согласност со која Charge&GO врши обработка на личните податоци, a се во согласност со Законот за заштита на личните  кои се достапни на веб сајт или на линк https://chargego.rs/politika-privatnosti-opsti-uslovi/
  1.  ОПИС НА УСЛУГАТА

Давателот на услуга е сопственик на Charge&GO платформата и мобилната апликација за iOS и ANDROID мобилните телефони koja e наменета за давање на услуга од одредено временско користење на станици/места за полнење на електрични автомобили на Корисниците.  Давањето на услуги се врши во се во согласност со овие Општи услови, Политиката на приватност и Општите услови за користење на местата за полнење. Пред користењето на услугата Корисникот се запознава и усогласува со сите Општи услови на Давателот на услиги, вклучувајќи ја и Политиката на приватност на Давателот на услуги во согласност со која се врши обработка на личните податоци на Корисникот.

Користењето на самата Charge&GO мобилна апликација е без надомест на Давателот на услугата. Корисникот е согласен дека употребата на интернет инфраструктурата за превземање на апликацијата вклучувајќи го и нејзиното користење во реалното време му ја намируваат на провајдерот услугата за пристап на интернет по цени кои ги договорил Корисникот. Корисникот го ослободува од било каква одговорност Давателот на услуга за гарантирање на достапноста на интернет со оглед на тоа дека  Давателот на услуга нема над тоа било каква контрола.

Услугата за користење на места за полнење на електрични возила преку Charge&GO платформата према типот и снагата на полначот искажана е на платформата и апликацијата на Charge&GO за секој поединечен полнач. Надоместокот за користење за места за полнење можат да се разликуваат во зависност од тоа дали е во прашање регистриран корисник или нерегистриран корисник кој користи опција еднократно плаќање. Надоместоците за користење за места за полнење секогаш се прикажани пред почетокот на самата сесија на полнење.

Корисниците можат да користат Услуги во својство на нерегистрирани и регистрирани Корисници. Регистрираните  корисници  се во обврска да користат Charge&GO платформа и /или мобилна апликација, кaкo и самите места за полнење во се во согласност со  овие Општи услови и Општите услови за користење на местата за полнење кои се однесуваат на регистрираните корисници, во спротивно, системот ќе ги евидентира како нерегистрирани корисници и ќе бидат во можност да ги користат Услугите исклучиво по условите предвидени за нерегистрираните корисници.

  1.  РЕГИСТРИРАНИ И НЕРЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ

Нерегистрираниот  корисник  му пристапува на користењето на Услугата на саканото место за полнење со скенирање на QR кодот на тоа место за полнење, или со внес на ID број на саканото место за полнење на страницата на web порталот client.chargego.rs. Нерегистрираниот  корисник  на овој начин ќе биде запознат со овие  Општи услови и Општите услови и правилата за користење на местата за полнење, како и со неговата Политиката на приватност. После давањето на согласност на наведените Општи услови и Политиката на приватност Нерегистрираниот  корисник  ја внесува својата email adresu и од таму порталот го упатува на страницата за операторот за плаќање каде остава податоци за платната картичка.

По завршеното користење на местото за полнење, платната картичка се задолжува за износот за полнење, a на email се доставува фискална сметка.

Регистрираниот  корисник  му пристапува на користењето на Услугата на саканото место за полнење со избор на самото место за полнење на Chareg&Go платформата и/или мобилната апликација со својот кориснички налог, или со користење на RFID картичка издадена од страна Давателот на услуга.

Доколку при регистрацијата е одбрана идентификација преку RFID картичка, Давателот на услугаму испорачува на Корисникот RFID картичка по пошта на назначената адреса. Издавањето на RFID картичката се наплатува во согласност со актуелниот ценовник на Давателот на услуга, заедно со износот на претплата.

Корисникот потполно е одговорен за користење и чување на  RFID картичката издадена на негово име во текот на периодот на важење на RFID картичката, па превзема одговорност за било каква злоупотреба на истата која може да се припише на вината на Корисникот. Корисникот e должен без одложување да го извести Давателот на услугата во случај на губење на RFID картичката. По приемот на известувањето Давателот на услуга истата ќе ја блокира и на Корисникот ќе му биде издадена нова RFID картичка по цена наведена во ценовникот на Давателот на услуга. Во случај Корисникот да не го пријави, или не го пријави благовремено губитокот на RFID картичката, сноси полна одговорност за евентуална злоупотреба и користење на RFID картичката се до моментот на пријава на губењето на RFID картичката на Давателот на услуга.

Postpaid корисниците, односно од нив овластените лица за пристап на основниот налог на  Postpaid корисникот, му пристапуваат на користењето на Услугата на ист начин како регистрираните корисници.

Мобилната апликација Charge&GO им го овозможува на регистрираните корисници следното:

  • Користење и плаќање на услугата на користење на места за полнење на електрично возило по повластени, 20% пониски цени од предвидените за регистрираните корисници;
  • Користење на мапа со приказ на расположивите станици /места за полнење на електрично возило;
  • Дефинирање и управување со шифрата за пристап на делот на апликацијата за плаќање;
  • Испраќање на фискална сметка за користење на услугата на imejl адреса на корисникот;
  • Формирање на кориснички налог каде корисникот може да ги види податоците на својот корисничкиот налог, и историјата на сите трансакции на полнење на електричното возило;
  • Издавање и испраќање на email готовинска фискална сметка за плаќање со компаниска картичка со внесување на ДИБ на компанијата на својот кориснички налог;
  • Промена на платните картички врзани за кориснички налог;
  • Нарачување на RFID картички во согласност со актуелниот ценовник;
  • Преглед и измена на внесените податоци на корисникот на кориснички налог;
  • Опција бришење на налогот во случај на престанок на користење на апликацијата

Мобилната апликација Charge&GO им го овозможува на нерегистрираните корисници следното:

  • Испраќање на фискална сметка за користење на услугата на imejl адреса на корисникот
  1.  ИНСТАЛАЦИЈА НА CHARGE&GO АПЛИКАЦИЈАТА, РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИКОТ

Корисниците на charge&GO мобилната апликација ја преземаат од интернет продавницата Google Play за корисниците на Android оперативниот систем, односно на Apple Store за корисниците на IOS оперативниот систем.

Регистрација на корисникот се врши преку наведената апликација. При регистрацијата, неопходно е Корисникот да се согласи и со обработката на личните податоци кои се внесуваат во самата апликација, a која се врши во согласност со законот за обработка на лични податоци, како и Политиката на приватност на давателот на услуга.

Нерегистрираните  корисници на  charge&GO мобилната апликација можат да ја користат со бирање на опцијата „Продолжи како нерегистриран корисник “.

  1.  КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Корисникот е согласен и потврдува со прифаќање на Општите услови апликацијата и интернетот да ги користи исклучиво на сопствена одговорност, како и дека  Давателот на услуга не дава било каква гаранција нити превзема одговорност за било кои евентуални штети кои корисникот ги трпи при користењето на апликацијата и интернетот. Корисникот е согласен и потврдува со прифаќање на  Општите услови дека е запознат со фактот дека Давателот на услугата не обезбедува никаква гаранција на достапност на интернетот, па дека истата не е под негова контрола, и во согласност со тоа го ослободува Давателот на услуга од било каква одговорност за гарантирање на достапноста на интернетот.

Со превземање и инсталација на апликацијата, Корисникот ги прифаќа сите ризици кои можат да настанат со нејзиното користење, и се обврзува дека содржината на апликацијата ќе ја користи исклучиво за лична употреба и на сопствена одговорност.  Корисникот  е во обврска да превзема дејства кои се во негова моќ со цел за спречување на трети лица да дојдат во посед на уредот на кој е инсталирана  апликацијата, вклучувајќи и неовластено запознавање со неговиот личен налог на мобилната апликација  Charge&GO.

Со прифаќањето на Општите услови корисникот е запознат и согласен дека Давателот на услугата нема да сноси одговорност во ниеден случај за било каква евентуална штета настаната со неовластен пристап и користење на мобилни телефони, компјутери или други уреди на кои е инсталирана web платформа или мобилна апликација, вклучувајќи и неовластен пристап на персонализирани податоци на корисникот кои се сочувани во рамките на апликацијата на спомнатиот уред.

Заштита на апликацијата со шифра овозможена е и содржана во подесувањата, a шифрата ја дефинира самиот корисник при инсталација на апликацијата и тој е одговорен за нејзиното чување и потврдува дека е запознат со фактот дека Давателот на услуга не е запознат, нити ги чува податоците за дефинираните шифри.

Корисникот се обврзува дека сите услуги и сервиси на апликацијата ќе ги користи исклучиво во согласност со нивната намена како и дека ќе се воздржи од било какви дејства со кои би можел да го загрози нивната нормална работа.

На регистрираниот корисник при регистрацијата на платформата ќе му бидат претставени Општите услови за користење на местата за полнење на електрични возила, како и овие Општи услови за користење на платформата и мобилната апликација. Со штиклирање на предвидените полиња Корисникот се изјаснува дали е запознат и согласен со обработката на личните податоци кои се внесуваат во апликацијата, a во согласност со Политиката на приватност, и ги прифаќа ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, како и овие УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА.

Нерегистрираниот корисник  после изборот на саканиот полнач ќе биде упатен на страницата за внесување на својот мејл каде се дава согласност за обработка на личните податоци и ги прифаќа ОПШТИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МЕСТАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА, како и овие УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА И МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА.

  1.  ПРАВА И ОБВРСКИ ВО ВРСКА СО КОРИСТЕЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА

Корисникот  е во обврска да при регистрацијата и креирањето на својот кориснички налог внесе точни, вистинити и потполни подаотци. Во случај на промена на внесените податоци, Корисникот е во обврска без одложување да ги внесе настанатите промени во својот кориснички налог. Корисникот гарантира за точноста  на податоците кои ги внесол во апликацијата, па во согласност со тоа го ослободува давателот на услуга од сите правни и финансиски последици поради кршење на оваа обврска.

Корисникот гарантира за точноста на личните податоци кои дирекно ги доставил. Користење на апликацијата им е дозволено на лицата кои имаат навршени 18 или повеќе години. Давателот на услуга не се обврзува во ниеден случај да врши проверка на старосната возраст, нити превзема било каква одговорност во случај на злоупотреба.

Корисникот се обврзува дека ќе се воздржува од било какво дејство кое би можело да се подведе под намерна злоупотреба на тоа извршување на лажни дејства и се обврзува дека нема да користи или да проба да користи туѓ кориснички налог и/или да пристапува на туѓи лични податоци.

Корисникот е согласен дека нема да користи обратно инжинерство, повратна монтажа, разделување, декодирањеили било кој друг начин за откривање на изворниот код на апликацијата или било која поврзана технологија.

Давателот на услуга се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите Корисници. Повеќе за начинот на чување на податоци во Политика на приватност на Давателот на услуга.

  1.  ПРИВРЕМЕН ПРЕКИД/ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА

Доколку дојде до привремен прекид и /или ограничување на користењето на апликацијата од технички и/илибезбедносни причини, информацијата за тоа ќе им биде испратена на регистрираните корисници преку електронска пошта, на email адреса која Корисникот ќе ја направи достапна за Давателот на услуга во согласност со Општите услови.

  1.  ПЛАЌАЊЕ

Нерегистриран корисник

Плаќање од страна на Нерегистриран корисник се спроведува во неколку чекори. После внесување на податоците од платната картичка се врши верифиација на валидноста на платната картичка Напомена: верификација на валидноста на платежната картичка се врзува за износ од 5,00 РСД и овој износ нема да му биде наплатен на Корисникот.

После извршената верификација на валидноста на платежната картичка корисникот внесува износ „резервирани сретства за полнење“ кој служи за проверка на расположивост на резервирани сретства на картичка. Минимален износ на резервирани сретства кои Корисникот може да внесе е 2.000,00 РСД,  со тоа што Корисникот може по сопствено согледување да внесе и поголем износ. Износот на внесени сретства мора да биде 200,00 РСД поголем од планираната сесија на полнење (нпр. доколку Корисникот внесол износ од 3.000,00РСД може да користи Услуга на полнење максимално до износот од 2.800,00РСД, при што износот од 2.800,00РСД ќе биде наплатен).

Во случај на користење на Услуги во износ помал од минималниот, или некој поголем внесен износна резервирани сретства на Корисникот од картичката ќе му биде повлечен само оној износ кој одговара на реалната извршена Услуга (нпр. доколку Корисникот користел минимален износ на резервирани сретства за проверка на расположивост на сретствата, односно 2.000,00РСД, a користел Услуга во иззнос од 1.200,00РСД, износ за кој ќе биде задолжена неговата картичка е 1.200,00РСД).

По завршеното користење на местото за полнење, платежната картичка се задолжува за износ на полнењето, a на email се доставува фискална сметка.

Регистриран корисник

Со успешното извршување на регистрацијатана корисничкиот налог, што подразбира креирање на налог на платформата, внесување на податоци за платежната картичка и плаќање на почетен надоместок од 3.000,00 динари, како и започнување на користење на услугата на полнење, корисникот се согласува со сите услови и со процедурата за плаќање на услугата за полнење на електрично возило, овие  Општи услови и Општите услови и правилата за користење на местата за полнење, како и Политиката на приватност.

Користењето на услугата за полнење на електрично возило, по правило, се наплатува така што од корисничкиот налог на Корисникот се одбива износ кој одговара на извршената поединечна сесија на полнење на конкретно место за полнење на електрични автомобили. После секое поединечно користење на местото за полнење на електрични автомобили, корисникот изречно се согласува со тоа дека на Charge&GO ќе доставаи електронска фискална сметка преку e-mail. Податоците за трансакцијата исто така се прикажуваат на ChargeGO апликацијата по завршувањето на поединечната сесија на полнење на електрично возило и секогаш се достапни во рамките на историјата на полнење на корисничкиот налог.

Корисникот при регистрацијата може да внесе податоци на компаниската картичка со обврска за внесување на ДИБ на компанијата и тогаш по завршеното користење на местото за полнење на email ќе достави готовинска фискална сметка со искажан ДИБ на компанијата.  Корисникот може на својот налог во било кој момент да изврши промена на картичката (од лична на компаниска или обратно, вклучувајќи и промена на една лична платежна картичка со друга) и ова може да изврши самостојно  на својот кориснички налог или со контактирање на Давателот наа обврска преку email: podrska@chargego.rs

Услугата полнење на електрични возила се наплатува по секоја минута на полнење. Полнењето започнува во моментот кога корисникот се авторизира на полначот користејќи го својот кориснички налог преку мобилна апликација или web платформа или RFID картичка, после што се врши поврзување на опремата за полнење со возилото. Корисникот го завршува полнењето на ист начин како што го започнал полнењето – преку  мобилна апликација, web платформа или RFID картичка, со притискање на копче за крај на сесијата на полнење во аплиакцијата или платформата, односно со принесување на RFID картичка кон полначот, након што се извлекува приклучокот за полнење на батеријата на електричното возило и се враќа на станицата за полнење. Корисникот e должен во текот на полнењето на батеријата на електричното возило да се воздржи од било какви активности на електричното возило, со оглед дека услугата на полнење може да престане заради било какви активности на возилото..

Корисникот e согласен да, во случај да износот на неговиот кориснички налог, во било кој момент биде испод 400 РСД, дополна во висина од 3.000 РСД се наплатува автоматски од платежнаата картичка на конкретниот корисник на неговиот кориснички налог.

Корисникот има опција, согласно со сопствената проценка , независно од Автоматската дополна, да изврши уплата во износ од 3.000 РСД  од својата платежна картичка на својот кориснички налог, во согласност со опциите на износ на уплатата на претставените на корисничкиот портал пријави за налог (т.н. Автоматска дополна).

Корисникот e одговорен за користење на услугата за полнење на електрично возило кое се одвива преку неговиот кориснички налог, без оглед кое лице навистина ја користело конкретната услуга и неговиот кориснички налог.Во случај на злоупотреба на корисничкиот налог, крајниот корисник кој смета дека неговиот кориснички налог е злоупотребен, во обврска е да ги подмири сите трошоци за услугата извршена пред блокада на услугата (и самиот кориснички налог) и тоа до моментот кога Давателот на услуга прими известување од тој корисник за злоупотребата. Истото важи и за сите други трошоци настанати заради губење или кражба на корисничкиот уред на кој е инсталирана апликацијата, корисничкото име и лозинката, губење на RFID картичката и слично.

Postpaid корисник

Postpaid корисникот  плаќање врши во се во согласност со условите договорени со договорот заклучен помеѓу давателот на услуга и Postpaid корисникот.

Важни информации

Давателот на услуга ги чува и обработува податоците за извршените трансакции, односно за користените услуги, a кои му се потребни за наплата на побарувањата од Корисникот. Давателот на услуга постапува со спомнатите податоци за извршените трансакции во се во согласност со законот со кој се уредува заштита на лични податоци.

Сите плаќања ќе бидат извршени во локална валута на Република Србија – динар (РСД). За информативен приказ на цената во други валути се користи среден курс на народна банка на Србија. Износот за кој ќе биде задолжена Вашата платежна картичка ќе биде изразен во вашата локална валута со конверзија во истата по курс кој го користат картичарски организации, a кој на нас во моментот на трансакцијата не може да ни биде познат. Како резултат на оваа конверзија постои можност за незначајна разлика од оргиналната цена наведена на нашиот сајт.

Користење на услугата не е можно да се плати со готовина.

При истовремено полнење на два возила на ист полнач, наплатата се врши по корегирана цена, односно цената се намалува за 50% за секое возило. Намалувањето на цената во случај на истовремено полнење на два возила на ист полнач ќе биде искажана на фискална сметка. Заради избегнување на сомневање, намалената цена се однесува исклучиво на време на истовремено полнење, додека едно возило започне полнење самостојно, a последователно се приклучи на полнење дополнително возило, цената ќе биде намалена само за времетраењето на истовременото полнење на два електрични возила.

Надоместоците за користење на услуги искажани се со пресметан данок на додадена вредност. Данокот на додадена вредност ќе биде пресметан во согласност со законот  за данок на додадена вредност.

Давателот на услуга задржува право користењето на Услугата, вклучувајќи го и користењето на Roaming услуги од страна на postpaid Корисникот, кои од технички причини не е фактурирано, Корисникот да го фактурира  последователно. Во овој случај Давателот на услуга ќе го извести Корисникот и/или postpaid Корисникот за последователното фактурирање и за деталите на конкретната услуга која не е благовремено наплатена. Конкретната услуга која заради технички пропуст останала ненаплатена ќе биде во секој случај искажана во историјата на полнење на Корисникот, достапна на неговиот кориснички налог.

При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавната мрежа во заштитена (шифриранаj) форма со употреба на SSL протокол и PKI систем, како и моментално најсовремениата криптогравска технологија. Сигурноста на податоците при купување, ја гарантира процесорот на платежните картички, па така комплетниот процес на наплата се врши во сигурно окружување. Во ниеден момент податоците на платежната картица не му се достапни на нашиот систем.

Надоместок за задржување на паркинг место после завршено полнење – IDLE FEE

Покрај надоместок за користење на услугата, на Корисникот може да му биде наплатена и дополнителен надоместок во случај електричното возило да останало приклучено на полнач и после завршената сесија на полнење (т.н.. IDLE FEE). IDLE FEE ќе биде без надоместок во траење од првите 15 (петнаесет) минути, после завршената сесија на полнење, додека после истекот на 15 минути, се наплатува надоместок во износ од 5,00 РСД за секој започнат минут, се до минутот во кој Корисникот ќе го исклучи своето возило од полнач, односно го извлече кабелот на полначот од своето електрично возило и го ослободи паркинг местото. Наплата на IDLE FEE ќе се врши од корисничката платежна картичка, a Корисникот со прифаќањето на овие Општи условисе согласува со наплатата на IDLE FEE во случај на оставање на возилото приклучено на полнач и после завршената сесија на полнење.

  1.  ROAMING УСЛУГА

Charge&GO како интернационално препознат оператер, со своите регистрирани корисници, овозможува опција да активираат дополнителна услуга (т.н.. Roaming услуга).

Roaming услугата подразбира можност на користење на место за полнење на електрично возило во европските земји.

Надоместок за користење на Roaming услуга, односно надоместок за користење на места за полнење на електрични возила во европските земји се утврдува со примена на цените на другите оператери кои важат и се применуваат за конкретните места за полнење на електрични возила во европските земји во моментот на користење на местото /станицата за полнење во странство, па истата може да биде поголема од оние надоместоци за давање на регуларни услуги во согласност со Општите услови.

Активација на Roaming можат да извршат корисниците со веќе постоечки кориснички налог (регистрирани корисници) и то преку email  podrska@chargego.rs

Корисникот кој активира Roaming услуга го ослободува од било каква одговорност Давателот на услуга за гарантирање на достапност на место за полнење во сите европски зенји со оглед на тоа дека Давателот на услуга нема над тоа било каква контрола. Проверка на активните места за полнење во реално време во европските земји Корисникот може да изврши преку Charge&GO платформата и мобилната апликација.

Користење на Roaming услуга регистрираниот корисник може да врши максимално во траење од 40 минути, по што полнењето се прекинува. После извршената наплата на полнењето преку Roaming услуга регистрираниот корисник може повторно да пристапи за полнење во максимално траење од 40 минути. Заради избегнување на сомневање, секое полнење преку Roaming услуга може да трае исклучиво максимално 40 минути, a повторна можност за полнење се овозможува после извршената наплата на полнењето.

Корисникот се обврзува користењето на местата за полнење на електрични возила во европските земји да го врши во се на начин и во согласност со упатствата на другите оператери и /или сопственици на места за полнење на предметните места за полнење.

Давателот на услуга го задржава правото користењето на местата за полнење на електрични автомобили во европските земји кои од технички причини не е фактурирано на Корисникот веднаш после дадената Услуга, истото да го наплати последователно од корисничката картичка.

  1.  РЕКЛАМАЦИИ

Доколку Корисникот смета дека постојат невалидности во пресметката, во податоците на сметката или смета дека постојат некои други неправилности во врска со користењето на Услугите потребно е да вложи рекламација.

Корисникот може да вложи рекламација со испраќање на истиот на e-mail адреса: podrska@chargego.rs или со повик на број +381 66 803 1 700 или на број +381 11 715 85 99.

Рекламацијата мора да содржи прецизен опис на неправилноста во пресметката или друга причина за рекламација, мора да содржи адекватни докази со кои корисникот го докажува постоењето на неправилностите и мора да биде упатена дирекно од страна на корисникот  на конкретната услуга во врска со која се докажува рекламацијата.

Рок за одговор на рекламацијата е 8 дена од денот на нејзиниот прием, додека рок за решавање на рекламација е 30 дена од денот на нејзиниот прием. Доколку Давателот на услуга од објективни причини не е во можност да го реши барањето на Корисникот во рокот кој е договорен, должен е да тој Корисник го извести за продолжување на рокот за решавање на рекламација и да наведе рок во кој ќе биде решено, како и да добие негова согласност.

Во случај на одобрување на рекламација и враќање на сретства  на купувачот кој претходно платил со некоја од платежните картички, делумно или во целост, а без оглед на причината за враќање, Charge&GO  е во обврска враќањето да го врши исклучиво преку VISA, EC/MC и Маестро метода на плаќање, што значи дека банката на барање на Давателот на услуга ќе изврши враќање на сретствата на сметка на корисникот на картичката.

  1.  БРИШЕЊЕ НА КОРИСНИЧКИОТ НАЛОГ

Корисникот има право да бара бришење на својот кориснички налог во било кој момент со обврска за плаќање на сите евентуални долгувања кои ги има спрема Давателот на услуга. Корисникот кој сака да го избрише својот кориснички налог, тоа го прави така што на Charge&GO платформаата или апликацијата бира опција „Бришење на налог “. По приемо на барањето за бришење на корисничкиот налог, Давателот на услуга ја проверува состојбата на налоготми започнува процес  на наплата на долгувањата или рефундациите на преостанатиот износ на налогот. Во случај Корисникот на својот кориснички налог да има на располагање неискористени сретства, Давателот на услуга неискористените сретства ќе му ги рефундира на Корисникот во рок од 7 (седум) дена од денот на откажување на корисничкиот налог. Од добивање на барањето до бришење на налогот можат да поминат максимално 10 дена.

Со бришење на кориснички налог на барање на Корисникот, се бришат сите податоци врзани за неговиот кориснички налог, вклучувајќи а неограничувајќи се на: сите собрани лични податоци во согласност со Политиката на приватност, податоци за сесиите на полнење на конкретниот Корисникот и сл. После бришењето на корисничкиот налог Давателот на услуга нема да има на располагање податоци врзани за конкретниот Корисник нити можност за решавање на било каква евентуална рекламација која Корисникот може да ја вложи во врска со дадените Услуги. Во случај на бришење на корисничкиот налог Корисникот е во обврска евентуалната рекламација да ја вложи најкасно истовремено со барањето за бришење на налогот. Бришење на кориснички налог во случај да Корисникот вложил одредена  рекламација, ќе биде прекинато до моментот на решавање на конкретната рекламација.

Корисникот кој го избришал својот кориснички налог во било кој момент може повторно да се регистрира и да активира нов кориснички налог во согласност со овие Општи услови.

  1.  АВТОРСКИ ПРАВА

Документи, податоци и информации објавени на апликацијата  не смеат да се репродуцираат, дистрибуираат или на било кој начин да се користат во комерцијални цели нити на било кој начин кој може  да предизвика штета на компанијата Charge&GO или на било која трета страна.

  1.  ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Давателот на услуга може во било кој момент да ги измени одредбите на овие Општи услови, цените на услугите,понудата на наведени услуги како и нивниата содржина. Во случај на измена Давателот на услуга ќе ги извести Корисниците за сите промени, така што известувањето ќе го објави на својата интернет страница, по потреба, a во согласност со конкретните околности и преку електронско писмено известување или во самата апликација.

Давателот на услуга го задржува правото на ажурирање и модификација на charge&GO платформата и апликацијата со измена на нејзината содржина без посебно известување на Корисникот.

Во случај да за било кој дел од овие Општи услови се установи дека е несоодветен и неважечки, тоа нема да влијае на останатите негови одредби кои ќе продолжат да важат и понатаму.

Односите помеѓу Корисникот и Давателот на услуга се регулирани со позитивните прописи на Република Србија. За сите меѓусебни спорови кои не е можно да се решат со договор надлежен е судот во Београд.

Овие Општи услови стапуваат на снага на ден 09.02.2024 година.