ОВДЕ ПОЧНУВА ВАШИОТ ПАТ ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА ИДНИНА
Воведувањето на електромобилностапретставува најдобар начин да ја зголемите врдноста на вашата компанија. Погледајте како можете да ги искористите предностите на Charge&GO платформата
СТАМБЕНО - ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ
Паметното решение за полнење на електрични автомобили ќе и овозможи на вашата инвестиција дополнителна сигурност за иднината. Управуајте со станиците лесно, одредете категорија на корисници – бесплатни и комерцијални, додека контролата е во ваши раце.
БЕНЗИСКИ СТАНИЦИ
Како расте бројот на електрични возила, така расте и побарувањето за места за полнење. Новите клиенти ќе го зголемат приходот на вашите станици, додека електричните автомобили им се полнат, ќе користат услуги од вашата понуда.
ХОТЕЛСКИ И УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ
На вас ви се потребни гости, а меѓу нив ќе бидат се повеќе сопственици на електрични автомобили. Платформата Charge&GO ќе ви овозможи систем за едноставно управување со полначите и сесиите за полнење на вашиот објект.
АВТО КУЌИ
Понудете им на вашите купувачи комплетно решение – електрично возило, полнач и услуга на користење и други места за полнење за да ја зголемите продажбата на електрични автомобили.
ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЛАНЦИ
Важно е да ги привлечете возачите на електрични возила, кои ги има се повеќе, на вашиот паркинг како би го наполниле своето возило баш кај вас. Вградете полнач или интегрирајте го постоечкиот полнач на Charge&GO платформата.
ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА
Размислете за вградување на полнач или за интегрирање на постоечкиот полнач на Charge&GO платформата како би ги привлекле возачите на електрични возила на вашиот паркинг.
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СЕКТОР
Снабдувачите со електрична енергија имаат единствена можност да изградат сопствена мрежа за полнење на електрични возила и да се припремат за иднината во која автомобилите ја ублажуваат варијабилноста во производството на енергија од обновливи извори.
ИНВЕСТИТОРИ
Зголемете ја вредноста на инвестицијата и обезбедете вашата недвижност да не може да се спротивстави на времето кое доаѓа.
Даме Груев бр. 16/2-11, Скопје