ПОДРШКА

Имаш прашање? Најдете го одговорот на оваа страница

Како да се регистрирам?

Драго ни е што ни се придруживте! Можете да се регистрирате како корисник на платформата charge&GO ovde така што ќе ни дадете основни информации за себе.

Како функционира припејд налогот?

Корисничкиот налог на платформата Charge&GO во припејд опција подразбира дека во текот на регистрацијата се додава почетен надоместок во износ од 3.000 РСД од вашата платежна картичка на вашиот кориснички налог. Трошокот за секоја сесија за дополнување се одзема од овој износ на вашиот налог, што значи никакви посебни плаќања нема да се вршат од вашата платежна картичка за поединечни сесии на дополнување.

Секогаш кога салдото на вашиот налог паѓа под 400 динари, се плаќа дополнување од 3.000 динари од вашата платежна картичка на вашиот налог. Благодарение на ова, не мора да го следите салдото на вашиот налог и секогаш ќе имате доволно средства полнење на вашето возило.

Што значи барање за потврда на имејл адеса?

После регистрацијата, сите корисницидобиваат барање да ја потврдат имејл адресата која ја пријавиле за да го верифицираат својот налог. Charge&GO сервисот автоматски ви испраќа линк  на вашата имејл адреса, а вие морате да го отворите линкот како би ја продолжиле постапката на верификација. Корисниците мораат ова да го извршат  во рок од седум (7) денови или системот charge&GO автоматски ќе го блокира налогот. За да го одблокирате, морате да му се обратите на нашиот кориснички центар со испраќање на имејл на  podrska@chargego.rs.

Што ми овозможува апликацијата charge&GO?

Со помош на апликацијата charge&GO можете да ја започнете и прекинете сесијата за полнење, да го пратите процесот на полнење кој е во тек, да го прегледате времето и местото на претходните сесии за понење, како и да управувате со вашиот налог. Апликацијата постојано ја подобрувамеи нови можности често се додаваат како би имале одлична услуга во текот на полнењето на вашето електрично возило! Затоа не заборавете да овозможите автоматско ажурирање за да се осигурате дека апликацијата работи на најновата верзија која е достапна.

Апликацијата Charge&GO за Андроид можете да ја превземете од Play Store, додека апликацијата за iOS корисници можете да ја пронајдете на Apple Store.

Која е разликата помеѓу AC и DC струи?

AC и DC се скратеници кои се однесуваат на видови на струја. AC (Alternating Current) е ознака за наизменична струја додека DC (Direct Current) е ознака за едносмерна струја. Кај електричните автомобили, AC струјата (споро полнење) е погодна за секојдневна употреба, додека DC струјата (брзо полнење) често се користи за брзо полнење на патот. Важно е да се спомне дека капацитетот и врстата на батеријата во возилото играат клучна улога во тоа која струја вашиот автомобил може да прими и колку брзо вашето возило може да се наполни.

За што служат различните приклучоци?

Шуко се користи за мали апарати и претставува соодветно решение за повремено полнење на електричните возила. Не се препорачува подолга употреба на шуко приклучоци. Полнењето со шуко приклучок го одликува многу мала снага.

Тип 2 претставува европски стандард на полнење и како таков, најчест приклучок е во Европската унија. Тој се користи за AC полнење, вообичаено во ситуации кога вашето возило е паркирано  неколку часа во трговските центри, на работните места и во стамбените комплекси. Полнењето со приклучокот Tip2 има поголема снага од полнењето има поголема снага од полнењето на класична утичница во ѕидот, но излезната снага зависи од можноста за полнење на вашето возило.

CHAdeMO е јапонски стандард на приклучок за DC (брзо) pполнење. Бидејќи овој приклучок е малку поретко распространет во Европа, ве советуваме секогаш да ја проверите неговата достапност.

CCS е европски стандард за брзо полнење. Приклучокот CCS дава снага низ едносмерна струја (DC) што значи дека снагата на полнење е значително поголема. CCS приклучоците најчесто можат да се најдат покрај автопат каде што се внимава паузите заради полнење да бидат што пократки за да не се  попречува продолжувањето на патувањето.

CHAdeMO е јапонски стандард за брзо полнење. Брзите полначи се главно опремени со CHAdeMO и CCS со цел да се овозможи поголема компатибилност.

Дали ми е потребна РФИД картичка за да го полнам возилото?

Не, не ви е потребна. На сите места за полнење можете исто така да го полните возилото со помош на мобилна апликација. Таа ви овозможува и да го видите статусот на полначот, информација за вашата сесија на полнење и многу други податоци.

Што е РФИД картичка и зошто служи?

RFID (radio frequency identification) претставува таг кој може да се користи за да се идентификувате на местата за полнење на електрични возила. Единствената RFID картичка поврзана е со вашиот налог и на местото за полнење таа ви овозможува да започнете или да го прекинете полнењето без користење на мобилна апликација или веб платформа.

Како можа, да добијам RFID картичка?

RFID картичка можеш да нарачаш при самата регистрација, каде што е потребно само да се означи полето за нарачување на таг или дополнително кога ќе му пристапите на вашиот налог  и одберете поле Нарачај RFID картичка.

Во кој рок стигнува РФИД картичката?

Ако сте нарачале RFID картичка, ќе ви биде испорачана преку курирската служба на адресата која сте ја навеле во вашиот кориснички налог. Печатење и испорака на картичката се врши неделнотака да картичките во секој случај би требало да стигнат во рок од 2 недели од нарачувањето.

Додека чекате да ја добиете вашата RFID картичка, можете да користите мобилна апликација како би го наполниле своето возило. Кога ќе ја добиете RFID картичката, можете веднаш да ја користите бидејќи е поврзана со вашиот кориснички налог.

Доколку постои друга адреса која ви одговара за доставување на картичката, ве молиме да не известите по пат на имејл podrska@chargego.rs.

Како да додадам сретства на мојот припејд налог?

Состојбата на вашиот налог автоматски се дополнува кога преостанатиот износ ќе биде помал од 400 RSD. Кога ќе започнете сесија за полнење со состојба на налогот  помала од 400 РСД, дополнување во висина од 3.000 РСД се префрла од вашата платна картичка на вашиот кориснички налог. Имајте во предвид дека е неопходно на вашиот налог да биде внесена важечка платежна картичка за дополната на состојбата да може да се изврши.

Можете и сами да префрлите сретствана вашиот налог со помош на вашиот налог. Кога ќе му пристапите на вашиот налог, одберете поле информации за налогот и кликнете на опција Додај сретства на својот налог.Едноставно извршете пренос на сретства од вашата платежна картичка на вашиот налог.

Како да ја променам платежната картичка на налогот?

Промена на платежната картичка можете да извршите на вашиот налиг. Кога ќе се пријавите, отворете го одделот Информации за налогот и одберете поле под назив Промени ја платежната картичка.

Ако не сте ја внесле платежната картичка на вашиот налог, дугмето „Додадете ја платежната картичка“ веднаш ќе се прикаже. Ќе бидете насочени на портал за плаќање за да безбедно ја додадете вашата картичка.

Како се врши обработкана моите уплати?

Податоците од сите ваши плаќања се чуваат на серверите од одобрениот ПСР провајдер за плаќање  Payment Highway. Charge&GO не може да ги види вашите доверливи информации но само анонимни токени за обработка на плаќања.

Дали сум безбеден?

Ние се трудиме да овозможиме сигурна и безбедна услуга, a системот на управување со безбедноста на информации на платформата charge&GO поседува ISO27001 сертификат. Постојано го унапредуваме системот и водиме сметка за тоа нашата безбедност да биде осигурана со дефиниран процес на управување со ризикот. Обврска на сопственикот е да се посвети на решавањето на забележените ризици.

Како да го полнам возилото без регистрирање?

Доколку ви е потребно само еднократно да го наполнит своето електрично возило и не сакате да се регистрирате на платформата charge&GO, можете да користите можност за еднократно плаќање со помош на платна картичка за да го започнете полнењето. Добволно е да го скенирате QR кодот над саканиот приклучок на самиот полнач и да ги пратите упатствата на вашиот екран.

Ве молам да имате во предвид дека во рамките на опцијата еднократно плаќање цените на полнењето можат да се разликуваат од оние кои ги имаат регистрираните корисници.

Каде можам да видам преглед за извршените сесии на полнење?

Преглед на објавени сесии на понење можете да пронајдете на вашиот налог во делот Историја на полнења.

Дали можам да ги користам полначите на станиците во странство?

Услугите на полнење на платформата charge&GOможат да се користат низ целиот свет. За да бидете во можност  да им пристапите на полначите во роминг мрежа потребно е да не известите за тоа за да би можеле да ви ја овозможиме таа опција. Ние нудиме свои услуги во бројни земји и вие можете да користите било кој полнач кој ќе го пронајдете преку нашата мапа на полначи.

Како да додадам ДИБ на сметката за полнење?

Доколку при регистрацијата  сте внесле податоци од платежоната картичка на компанијата и потребен ви е ДИБ за да ги оправдате сметките, пред да го започнете првото полнење, потребно е да не контактирате за да ви го додадеме на налогот ДИБ на вашата компанија.

Дали можам да користам Charge&GO услуги како правно лице?

Се разбира. Како правни лица користење на нашите услуги и фактурирање на сите извршениу полнења до крајот на месецот можно е потпишување на Postpaid договор.

Доколку сте заинтересирани за овој вид на соработка или ако сакате повеќе информации за ова, пишувајте на имејл podrska@chargego.rs  или повикајте не на броевите на телефони +381 11 715 85 99 и +381 66 803 1 700

Како да откажам налог?

Жал ни е што не напуштате.

Доколку сакате да го откажете налогот, пристапете на одделот  Управување со налогот и одберете опција Барај бришење на налогот. Кога ќе го примиме вашиот вашето барање, ќе извршиме рефундација на преостанатиот баланс на вашит налог и после тоа и ќе ви го затвориме налогот.

Кому можам да упатам предлог за подобрување на услугите на платформата charge&GO?

Дали имате некоја одлична идеа или предлогкако да ги подобриме услугите во системот charge&GO? Ве молиме да го пополните образецот на нашиот сајт.

Сите идеи и предлози, упатени на овој начин, ќе бидат проследени до надлежниот сектор во нашата компанија каде ќе бидат земени во предвид при развојот на услугите.

Ќе ни биде драго да чуеме што имате да ни кажете!

Што се случува кога мојот автомобил е наполнет, но и понатаму поврзан со полначот и на другите им блокира пристап?

Кога батеријата во возилото е полна, дотокот на струја автоматски престанува за да се спречи ризикот од оштетување на батеријата во вашето возило.

Ве молиме да обрнете внимание на тоа дека, во зависност од ценовниот модел за одреден полнач, постои можност за дополнителни трошоци по минут или час. Оваа информација прикажана е на екранот пред да ја започнете сесијата на полнење.

Кога треба да повикам кориснички сервис?

Ви препорачуваме да ја повикате дежурната линија во корисничкиот центар само во случај да имате проблем со полнењето на лице место. На овој начин можеме да им пружиме на корисниците неопходна помош без чекање како би можеле непречено да го настават патувањето.

Во сите останати случаи, пишувајте ни на имејл podrska@chargego.rs.

Итна помош на местото за полнење

Кога ви е неопходна помош на самото место за полнење, ве молиме прво да проверите дали одговорот на вашите прашања се наоѓа во одделите Упатство и Помош. Доколку тука не пронајдете решение, слободно обратете му се на корисничкиот центарslobodno se obratite korisničkom centru).

Ова се вообичаени и ефикасни решенија за најчести проблеми:

  • Не можете да  го започнете патувањето? – Доколку сте сигурни во тоа дека имате права да користите полнач и дека вашите податоци за плаќање се исправни, проверете како е кабелот приклучен или почекајте малку па повторно пробајте да го започнете полнењето бидејќи тоа најчесто го отстранува проблемот. Со повторување на оваа постапка се овозможува воспоставување на нова врска помеѓу полначот и нашата платформа. напоменуваме дека кабелот неопходно треба да се приклучи после успешната авторизација и кога тоа известување е на екранот и е нагласено.
  • Не можете да го прекинете полнењето? – Обидете се да го прекинете полнењето и со помош на RFID картичката и преку апликацијата. Почекајте малку полначот повторно да се поврзе со нашата платформа. Доколку овој метод не е ефективен, слободно повикајте не и ние ќе ја прекинеме сесијата за вас.
  • Не можете да го исклучите кабелот? – Би требало секогаш да можете да го исклучите кабелот. Во зависност од моделот на возилото, постои копче или рачка за отворање на утичницата. Исто така, со наизменичен притисок за отклучување и заклучување на централната брава на возилото можете да го ослободите кабелот. Со ова истовремено се ослободува кабелот од утичницата на полначот. Ако кабелот е ваш и понатаму не можете да го исклучите од полначот, ве молиме да му се обратите на нашиот кориснички центар.
  • Не можете да му пријдете на полначот? – Доколку сакате да го наполните вашето возило и да му пристапите на полначот надвор од работното време на објектот на кој се наоѓа полначот, известете го обезбедувањето или работникот за одржување кој се наоѓа на локацијата дека сакате да користите полнач за да ви дозволат пристапот.

Кориснички сервис за возачи на електрични возила:

Секој ден 24/7

+381 11 715 85 99

+ 381 66 803 1 700

podrska@chargego.rs

Зошто мојот автомобил се полни поспоро од максималната брзина?

Во текот на полнењето, електричното возило и полначот се во постојана меѓусебна комуникација која се однесува на тоа колку енергија може да биде испорачана. Брзината на полнење зависи од многу фактори и во бројни случаи не може да се постигне максималната снага на полначот да биде константна.

Следните работи влијаат на снагата на полнењето:

  • Моментален капацитет на батеријата
  • BMS (battery management system) возила
  • Вграден конвертор на напон на возилото
  • Состојба на електричната мрежа
  • Балансирање на товарот на местото за полнење
  • Температура на батеријата
  • Надворешна температура

Што да правам ако е кабелот заглавен?

Во ретки случаи кабелот за полнење може да се заглави во утичницата на полначот. Тоа може да се случи заради неисправност на полначот или прекинување на врската. Ако се случи тоа, немојте да паничите и прво обидете се да ја прекинете сесијата на полнење преку мобилната апликација, RFID картичката или веб страницата за еднократно плаќање. Ако ова не помогне, пробајте повторно да го исклучите и приклучите кабелот на возилото. Вниателно пробајте да го извадите кабелот од утичница; некои производители на полначи имаат доста тесни утичници на своите уреди.

Ако ниедно од горенаведените решенија не помогне, контактирајте ја нашата корисничка подршка и ние ќе ги земем работите во свои раце.

Некој автомобил ја блокирал станицата за полнење. Каде можам тоа да го пријавам?

Станиците за полнење се резервирани за полнење на електрични возила, a користењето на станиците за полнење како паркинг места е забрането. Ве молиме да контактирате  локален Паркинг сервис заради погрешно паркирано возило. локалниот Паркинг сервис има упатства како да постапи во таа ситуација.

Не можам да ја започнам сесијата на полнење. Што да правам?

Постојат неколку причини зошто не можете да ја започнете сесијата на полнење. Земете го во предвид ова пред да му пријавите проблем на корисничкиот центар:

Проверете дали кабелот правилно е приклучен на станицата за полнење на возило. Понекогаш проблемот може да биде решен ако повторно го повторите процесот и го приклучите кабелот.

Ако користите RFID картичка, пробајте повторно да се авторизирате на станицата за полнење.

Ако користите мобилна апликација, пробајте да ја затворите апликацијата и повторно да ја започнете сесијата на полнење.

проверете ја состојбата на вашиот кориснички налог.

Некои полначи се само за приватна употреба и потребно е посебно одобрение од сопственикот на местото за полнење. Ако мислите дека би требало да имате пристап на полначот, контактирајте го сопственикот или управникот на станицата. Полначот често и припаѓа на компанијата или на сопственикот на објектот на кој е инсталиран.

Некои полначи можат да бидат привремено недостапни и потребен им е сервис. Пробајте повторно покасно кога полначот ќе биде во функција.

Полначот (нпр. дисплејот) e расипан. Каде можам ова да го пријавам?

Ако забележите дека полначот е расипан така што на било кој начин би загрозил други луѓе, ве молиме да го контактирате нашиот кориснички центар преку телефон или со пополнување на образец. Пробајте да бидете многу прецизни кога известувате за проблемот и нашиот кориснички центар ќе ги извести лицата задолжени за одржување на полначот.

Ја заборавив /ја заборавив лозинката

Не грижете се – во било кој момент можете да ја ресетирате лозинката на екранот за пријавување на апликацијата. После пополнувањето на имејл адресата, кликнете на опцијата за заборавена лозинка. Ако имејлот за рестартирање на лозинка не стигне во рок од неколку минути, проверете го фолдерот за несакана пошта.

Ако дојде до проблем со ресетирањето на лозината, контактирајте ја нашата корисничка подршка.

Каде можам да ја видам цената на полнење?

Актуелни информации за цените на местата за полнење секогаш се достапни преку платформата charge&GO. Цената прикажана во моментот на почетокот на полнењето ќе се користи за сесијата за полнење, па и ако се промени цената во текот на сесијата на полнење, се применува цената која ја гледате.

Имајте на ум дека цените можат да се разликуваат ако користите опција еднократно плаќање. Цените се секогаш прикажани пред да ја започнете сесијата на полнење.

Нарачување на RFID картички

Можете да нарачате RFID картича при регистрацијата или покасно преку корисничкиот портал. Ако сте нов корисник, само означете „Сакам да нарачам RFID картичка” при регистрацијата и таа ќе биде порачана кога се отвори налогот.

Ако веќе имате налог, одете на Информации за налогот и  одберете поле „нарачај RFID картичка“ и вашата порачка ќе му биде проследена на нашиот тим.

За достава на RFID картичките потребно е до 2 недели, во зависност од времето кога сте ги нарачале. RFID картичките ќе бидат испорачани со курирска служба на адресата која сте ја навеле при регистрацијата.

Не можам да пронајдам полнач спрема координатите во апликацијата

Ако не можете да пронајдете полнач спрема координатите во апликацијата, контактирајте го нашиот кориснички центар преку телефон. Координатите на полначот можат да бидат погрешни или полначот е наменет само за приватна употреба.

Грешка на мрежата при избор на полнач

Ако наидете на знак за можна грешка на мрежата при бирањето на полнач, веројатно станува збор за местото за полнење чиј статус  неодамна е променет од јавен во приватен. Апликацијата често ажурира податоци, но може да се случи во кеш меморијата на уредот да останат стари информации за локацијата.

Ако грешката и понатаму се јавува, контактирајте не.

Локацијата на местото за полнење е погрешна

Ако пронајдете станица која е неточно означена на мапата, ве советуваме адресата на саканиот полнач, која се наоѓа при самиот клик на саканата станица, да ја внесете во вашата навигација и така да ја следите патеката.

Зошто цената на полнење се разликува на поединечни  локации?

Во мрежата на полначи charge&GO влегува голем број на сопственици на места за полнење кои работат независно. Тоа значи самостојно ја одредуваат цената на полнење за секое место за полнење.

Постои ли можност за полнење без отворање на припејд налог?

Да – можете да ги користите сите charge&GO јавни места за полнење како еднократен корисник и да платите директно со својата платежна картичка.

Постојат два начина за полнење со еднократно плаќање. Можете директно да одите на нашата веб платформа на адреса: client.chargego.rs и да пронајдете станица за полнење со помош на идентификацискиот број на полначот од налепницата. После изборот на станицата за полнење, ќе ви бараат да им дадете податоци за вашата платна картичка, по што  ќе започне постапка. Имајте на ум дека за запирање на сесијата за полнење, морате да користите исти уред кој е користен за започнување на сесијата.

На еднократно плаќање исто така можете да пристапите и преку скенирање на QR кодот кој се наоѓа на самиот полнач. Скенирањето на кодот ќе ве одведе на страницата за внесување на платни картички, после што ќе можете да ја започнете сесијата.

Како да стапите во контакт

Можете да и се обратите на нашата подршка за помош на повеќе начини. Дежурна линија ви стои на располагање во случај на итни прашања врзани за полнење на лице место.

Корисниучки центар за возачи на електрични возила:

Секој ден 24/7

+381 11 715 85 99

+ 381 66 803 1 700

podrska@chargego.rs

Потребна ми е потврда за уплатата. Како можам да ја добијам?

Сите потврди за уплатите од вашата платна картичка се испраќаат на имејл веднаш после уплатата. Доколку не можете да пронајдете имејл, проверете го фолдерот со непотребна пошта.

Не можам да ја потврдам својата имејл адреса. Што да правам?

Веднаш после регистрацијата, системот charge&GO ви испраќа линк за верификација на имејл адреса. Понекогаш имејл провајдерот автоматски филтрираимејлови и тие можат да се најдат во погрешен фолдер без очигледна причина. Ве молиме проверете го фолдерот со непотребна пошта. Доколку имате линк за верификација, но тој линк не функционира, отворете го тој линк во друг интернет прелистувач. Ако ништо од горе наведеното не успее, не се грижете, можете да не повикате за да ние ви го верифицираме  вашиот налог лично.

Премногу ми е наплатено. Како можам да добијам враќање на пари?

Можно е, но многу ретко, погрешно да се пресмета цената на сесијата на полнење. Ова обично се случува заради неточни податоци примени од местото на полнење заради неисправност на уредот.

Ако дојде до тоа и погрешно ви е наплатено, контактирајте charge&GO подршка, а нашиот тим детално ќе го истражи вашиот случај.

Каде можам да најдам апликација charge&GO?

Апликација за Андроид корисници можете да пронајдете на Google Play продавница додека iOS апликацијата достапна е по преку Apple App Store апликацијата.

Како да го наполнам својот автомобил?

Полнењето на вашиот автомобил е лесно.

Авторизирајте се преку charge&GO мобилна апликација, RFID картичка или еднократно плаќање.

Приклучете  го кабелот на вашиот автомобил кога е тоа и назначено во апликацијата.

Кога започне сесијата на полнење, ние ја превземаме задачата вашето возило да биде спремно за поаѓање.

Сесијата на полнење можете да ја прекинете преку мобилната апликација, RFID картичката или онлајн панелот за еднократно плаќање. Употребете ја истата опција која е користена за почеток на сесијата.

Зошто сметката во апликацијата прикажува 0 минути и 0 € после сесијата на полнење во роминг?

Во зависност од конфигурацијата и подесувањата на полначот, се случува да за ажурирање на податоците од поединечни станици во роминг може да потрае и до 15 минути. Бидете стрпливи и почекајте апликацијата да ги ажурира информациите. Исто така, информациите за сесиите на полнење секогаш можат да се најдат на корисничкиот портал после полнењето.